Оваа година во Тревизо ќе се одржи светско првенство во готвење на Тирамису. Од 3 до 5 ноември, готвачи од целиот свет ќе се натпреваруваат во подготовка на „кралот на слатките“.

Според правилата на натпреварот, Тирамису ќе се подготвува по оригинален рецепт со користење на класични состојки, односно јајца, маскарпоне, пишкоти, шеќер, кафе и какао. Готвачите, секако, ќе добијат слобода за изразување на креативноста, па ќе биде дозволено пишкотите да бидат заменети со три можни дополнувања.

Според најавите, досега се пријавени над 600 слаткари од Европа, Австралија, САД и Јапонија, а финалето ќе се одржи во Loggia dei Cavalieri во Тревизо.

Во годините, многу познати готвачи се обиделе да „специјализираат“ на овој десерт, па денеска во светот ќе го најдете во најразлични варијанти, од супер-класичен до вегетаријански и без глутен.