Производителите на една од најпопуларните видео-игри FIFA 18, EA Sports, решија да ги објават рејтинзите за квалитет со кои се направени фудбалерите во нивната најнова игра. Очекувано или не, улогата на најдобар фудбалер на новата FIFA 18 ја доби – Кристијано Роналдо.

Рејтингот на фудбалската ѕвезда на Реал (М) во новата FIFA е 94, додека неговиот главен опонент и во реалниот живот, Лионел Меси, има рејтинг 93. Минатата сезона CR7 исто така беше фудбалер со најдобар рејтинг на оваа игра, па сега само ја задржа лидерската позиција. Тројца играчи ја делат третата позиција со оценка 92. Тоа се тоа се Луис Суарез од Барселона, новата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар и голманот на Баерн (Минхен) Мануел Нојер, кој е највисоко рангиран голман.

Квалитетите на вториот најдобар голман на FIFA 18, Давид де Геа се оценети со 89 поени. Во Топ 10 на најдобри фудбалери на FIFA 18 се и Роберт Левандовски (91), Серхио Рамос, Еден Азар, Гонзало Игуаин и Тони Крос (90).