До крајот на овој месец Nokia ќе излезе на пазарот со уште еден нискобуџетен паметен телефон кој ќе има максимално ниска цена од 99 долари. Станува збор за моделот Nokia 2 кој ќе биде опремен со dual-core процесор Snapdragon 210, 1GB RAM и 8GB внатрешна меморија. Екранот ќе биде 4,7 инчи и со скромна резолуција 1280х720.

Батеријата можеби ќе биде еден од најсветлите моменти на овој телефон со импресивни 4000 mAh што комбинирано со лесниот хардвер значи долг живот и употреба само со едно полнење. Се разбира, ова вклучува и двоен слот за SIM картички.

И добрата вест е оперативниот систем – Android 7.1 Nougat. Дали хардверот ќе понесе толку нова верзија – останува да видиме. Фановите на брендот кој с еврати во живот со нетрпение го чеаат моделот Nokia 9, кој ќе биде предводник на компанијата и кој ќе покаже дали таа има шанса да се врати меѓу големите имиња во индустријата на паметни телефони.