Како што ве информиравме пред два месеци, Меѓународниот Олимписки Комитет одлучи во исто време да ги избере домаќините на Олимписките Игри во 2024-та и 2028-ма година. Вчера, на седницата која што ја одржаа во Лима (Перу), тие донесоа историска одлука бидејќи за првпат беше донесена одлука за два града домаќини. Како што се претпоставуваше, Париз беше избран за домаќин на Олимписките Игри во 2024-та година, а Лос Анџелес за во 2028-ма година. Според изјавата на претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет, Thomas Bach изјави: „Честитки до Париз 2024 и Лос Анџелес 2028. Ова двојно доделување е победничка ситуација за Париз, Лос Анџелес и МОК. Тешко може да се замисли подобра ситуација. Таа ќе обезбеди стабилност за Олимписките Игри и спортистите во следните 11 години.“

Олимписки Игри 2024 и 2028

Челните луѓе на организационите одбори на Paris 2024 и Los Angeles 2028 го изразија воодушевувањето што ќе бидат домаќини на најголемиот спортски настан. Меѓународниот Олимписки Комитет по извршените анализи се реши на чекорот за директен договор со заинтересираните страни, како и масовната намаленост на заинтересираноста на градовите низ светот за да бидат домаќини.