24-годишен дизајнер од Велика Британија веројатно најде решение за облеката на децата која многу бргу се смалува, како што растат нашите најмили. Во иднина, со новиот патент на овој британски иноватор, сите родители кои се приморани во многу мал период да купуваат нови парчиња облека за своите деца, сега ќе можат да здивнат.

Petit Pli е најновата иновација за креирање облека за деца, затоа што материјалот од кој облеката е направена „расте“ заедно со вашите деца. Иноваторот проценил дека за две години (во период од 3 месеци до 3 години на децата), родителите менуваат седум конфекциски бројка на облеката за своите најмили. Во иднина, веројатно тоа нема да биде потребно користејќи го Petit Pli.

Деталите се во видеото подолу.