Новиот хит – Еклер Галаксија!

Украинската слаткарница „Musse Confectionery“ деновиве се прослави на социјалните мрежи со неверојатниот изглед на нивниот најнов специјалитет – еклерот наречен Галаксија. Неверојатниот изглед на еклерите кои можат да се најдат само на ова место во Киев, е топ-тема на социјалните мрежи, па многумина од фанатиците по астрономија, најавија дека специјално би заминале во Украина само да пробаат од овие еклери кои се нудат со пет најразлични полнења: класична ванила, малина, солена карамела, ф’стак и чоколадо.