Најсушната пустина во светот покриена со илјадници цветови

По интензивниот и сосема неочекуван дожд кој падна во северниот дел на Чиле, делови од обично најсушната пустина на светот, Атакама, се претвори во тепих послеан со цветови. Ваквиот феномен наречен „Desierto Florido“ обично се случува во пустинските предели, но во Атакама тоа не се случило одамна. Пред седум години имало нешто слично, но ни оддалеку во размери како што тоа е сега.

Повеќе од 200 видови на растенија биле пронајдени во оваа област, а спектаклот не остана незабележан од посетителите и ботаничарите во Чиле.