Американската кабловска телевизија Starz се пофали дека успеа да ги добие правата за норвешката тв-мистерија и трилер-драма „Monster“. Станува збор за норвешка хит-серија во седум епизоди која оваа година ја доби европската награда за најдобро тв-сценарио.

Серијата е работена според сценарио на Ханс Кристијан Шторостен, а во режија на Ана Севитски. Продуцент на серијата беше норвешката национална радио-телевизија (NRK).

Темата на „Monster“ е истрага за брутално убиство кое открива масовна гробница која, пак, ги поврзува старите случаи на исчезнати лица. Приказната се разработува во темните и далечни пејсажи на северна Норвешка и има исклучително интересна сторија и меѓусебна поврзаност на локалната полицајка Хеда и специјалниот истражувач Џоел, кои заедно работата на истрагата.

Starz засега не објави кога ќе ја емитува норвешката серија, а нема информација ниту за продукција на американска верзија на истата.

 

Ny TV-serie: Monster

Brutalt langt nord – tv-serien MONSTER kommer til høsten.Her er alle nyhetene fra NRKs TV-lansering: https://www.nrk.no/kultur/slik-blir-tv-hausten-pa-nrk-1.13571311

Posted by NRK on Thursday, June 22, 2017