Највисокиот песочен замок во светот е во Дуизбург

Во германскиот град Дуизбург се појави досега највисок песочен замокот во светот. Истиот е висок околу 16,7 метри и сосема заслужено се најде во Гинисовата книга на рекорди. Замокот од песок е граден три недели, а за комплетна изградба биле потребни 3500 тони песок.

Претходниот рекорд го држеше замок направен од песок во индискиот град Пури, кој е понизок за 1,8 метри од овој во Дуизбург.  На комплетната изградба на песочниот замок во Германија работеле 10 скулптори од исто толку земји, така што истиот има и интернационален карактер.