Морската сол собрана од океаните е загадена со пластика. Научниците откриле траги од пластика во производи кои што се продаваат во Кина, САД и Европа и се ставени во базата за истражување.

Честичките пластика се од пластичниот отпад кој се трупа во океаните. Истата се разградуваат и на крајот ни се враќа во храната. Претходните студии открија дека пластиката во голема мера ја има и во рибата која ја јадеме. Специјалистите од Универзитетот во Њујорк почнале со микроскопско истражување на честички пластика во солта, пивото и водата за пиење.

Пластиката не е широко распространета само во нашиот секојдневен живот, туку и во животната средина. Таквите честички можат да се најдат во воздухот, водата, морските плодови, пивото, солта… Едноставно, пластиката е насекаде.

Научниците анализирале примероци од 12 видови морска сол, вклучувајќи 10 кои можат да се најдат во трговската мрежа во САД. Според резултатите, ако луѓето ја консумираат препорачаната дневна количина сол, тие може да изедат до 660 честички пластика секој ден. За жал, се уште нема податоци за ефектот од пластиката во нашата храна.