Актерот Лиам Нисон изјави дека е подготвен да тргне по друг пат во својата актерска кариера и да престане да снима акциски филмови. Како што изјави за време на деновите на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, тој веќе не се чувствува најподготвен да се појави во акциски трилери како оние кои го прославија од 2008-та, па досега.

„Луѓе, па јас имам 65 е**ни години. Кога тогаш, публиката ќе каже: Добро, доста!“, вели Нисон, по новите понуди кои стигнуваат од продуцентите за снимање на нови акциски трилери.

Актерот откри дека никогаш во кариерата и не планирал да се занимава со овој жанр на филмови, туку дека целата таа работа е чиста случајност. Филмот „Taken“ кој стана исклучителен хит, по кој потоа следеа продолженија со уште три други филмови беше негово деби во улога на акциска ѕвезда.

Нисон вели дека и денеска на маса има „ненормални“ предлози кои тежат многу пари и кои доаѓаат од продуценти кои подготвуваат нови филмови во овој жанр. Но, иако одлучил да престане да снима акции, од репретоарот на Лиам Нисон сепак чекаме да се појават уште неколку нови слични филмови, кои тој веќе ги сними. Еден од нив е и филмот „The Commuter“, кој во кино-салите доаѓа оваа есен.