Essential Phone (скратено PH-1) е дебитантскиот смартфон од рацете на Енди Рубин – еден од креаторите на Android. Телефонот се обидува да се промовира во густиот простор на понуда на светскиот пазар, но и во сегментот на висока класа, во кој засега неприкосновени се Galaxy Note8, Pixel, LG V30 и iPhone.

Иако има солидна конкуренција, новиот играч добива доволно внимание од медиумите и потрошувачите, а тоа се должи на неговото минато портфолио. Essential Phone чини 699 долари за верзијата со 128GB и може да се нарача на главниот сајт на компанијата, Best Buy или Amazon. Уредот е отклучен и работи со речиси сите мрежи во светот. Корисниците кои нарачаа примерок од телефонот многу рано, веќе почнаа да ги добиваат на своите адреси. Black Moon опцијата ќе започне да се испорачува од денес, а Pure White по неколку недели.

Постојат две главни причини зошто Essential Phone добива такво медиумско внимание. Првата и несомнено Енди Рубин, а втората причина е екранот. Телото на Essential Phone е направено од титаниум, наместо веќе традиционалниот алуминиум. Изборот на овој метал се одразува во повисока отпорност на гребење, виткање и кршење. Задниот дел е минималистички со двојна камера, магнетен конектор со додатоци и сензор за отпечатоци. Интересно е дека недостасува логото или други обележја на телефонот.

Во продолжение сите спецификации за првенчето од брендот Essential Phone

Спецификации

Екран:  5.7-инчен Full Display LCD, 2560×1312 QHD, 504 пиксели на инч

Димензии:  141.5 x 71.1 x 7.8 мм

Тежина:  185 г

Бои:  Black Moon, Pure White, Stellar Grey, Ocean Depths

Оперативен систем:  Android 7.1 Nougat

CPU:  Qualcomm Snapdragon 835 (octo-core, 10nm, up to 2.45GHz)

GPU:  Adreno 540

Главна камера:  Двојна 13MP RGB + монохроматски, f / 1.9

Предна камера:  8MP, f / 2.2

RAM:  4GB

Меморија:  28GB UFS 2.1

Батерија:  3,040 mAh