Ураганот Харви го потопи Хјустон и многу планови на луѓето кои живејат таму останаа под надојдената вода. Сепак, Шели и Крис Холанд не дозволија Харви да им го расипе планот за крунисување на нивната љубов со брак.

„Јас и мојот сопруг ги изгубивме сите планови што ги правевме во последните 6 месеци за венчавката планирана за 2 септември. Се поради ураганот Харви. Во овие планови беа и свадбената торта, местото на доржување, капелата и уште многу други детали“, напиша Шели на својот Facebook профил, објавувајќи ја својата свадбена фотографија направена на сред поплавените улици на Хјустон.

Шели и Крис не дозволија Харви целосно да им го уништи најсреќниот ден во животот, па собраа храброст и покрај нивниот целосно уништен дом и поплавената црква, со голема помош на пасторот Хорхе Крдеас да одржат свеченост на која и официјално стапија во брак.

„Харви те победивме“, напиша Шели, а нивната фотка стана вистински вирален хит.