На еден човек од Флорида изгледа му било досадно, па предложил сопствениците на оружје да пукаат во ураганот Ирма кој пустоши во јужно-источниот дел на САД. Тој направил и Facebook event, кој привлекол поголемо влијание па околу 54 илјади луѓе ја избрале опцијата дека се заинтересирани, а дури 27 илјади избрале дека ќе „присуствуваат“ на настанот. Ryon Edwards има 22 години и е лицето кое ја дало идеата и го направил Facebook настанот.

пукање во воздух

Во графиката која тој ја поставил, биле дадени инструкции како луѓето да пукаат накај ураганот па на тој начин можеби куршумот нема да се врати накај нив и да ги убие. Мора да се напомене дека ваквата идеа е катастрофална и нема начин како би можело да се утврди движењето на куршумот и последиците од него. Без разлика на глупавоста и неодговорноста на идеата, на Facebook се имаат појавени и други групи со слични идеи, вклучувајќи и идеа да се употребуваат фрлачи на оган за да се заплаши ураганот. Во објасувањата на групите стои дека треба да се застане на патот на силеџијата, дека никој нема право да ги избрка од нивната територија.