Кина, која стана држава со екстремно загадување на животната средина, планира да изгради 285 еко-градови. Одлуката ќе биде потврдена за неколку месеци откако земјата веќе започна со изградбата на првиот “град-шума” со 40.000 дрвја.

Засега не е многу јасно како Кинезите го смислиле изгледот на овие еко-градови, но претпоставките велат дека освен големот простор со зеленило во нив одделни згради ќе бидат изградени согласно LEED стандардите. Кина се урбанизира побрзо од која и да е друга земја во историјата. Во последните 30 години Кинезите кои мигрирале во градовите, се повеќе од целото население на Америка. Земјата како приоритет го имаше развојот на индустријата, но крајниот резултат е опасно неквалитетен воздух во 90% од градовите.

Додека Кинезите и официјално не го објават својот план за изградба на овие близу 300 еко-градови, остануваат отворени прашањата за тоа, дали еко-градовите во Кина ќе го рециклираат отпадот 100%? Дали ќе бидат со погон на енергија од обновливи извори? Ќе произведуваат ли помалку јаглеродни емисии? И уште десетина други отворени прашања за еколозите.