Децата по раѓањето не гледаат многу, разликуваат само светло и темно, а се некако им е како низ магла. Видот им е црно-бел, а за да добијат на боја и бистрина, потребни се месеци.

Имено, оптичките нерви кај штотуку родени бебиња не се во потполност формирани. И на мозокот му е потребно време да созрее за да би можел да почне да ги процесуира сите содржини кои доаѓаат до него. Британскиот очен хирург, Ромеш Ангунавела, успеа да направи интересно видео кое покажува како видот кај бебињата се менува од раѓањето, па се до нивниот прв роденден.

„Визуелниот кортекс на мозокот зазема скоро една третина од целиот мозок и од првото отворање на очите тој полека учи како да ја обработува таа поплава од информации кои доаѓа низ очите“, вели Ангунавела.

Бебињата сите бои почнуваат да ги гледаат со навршени 3 месеци, а црвената боја е прва која успеваат да ја идентификуваат.