Харисон Форд се враќа во новото, петто продолжение на филмската франшиза „Индијана Џонс“, но најверојатно неговиот син кој го играше Шиа Лебеф, нема да биде дел од новиот проект. Веста во интервју за „EW“ ја потврди сценаристот Дејвид Кеп.

„Харисон ќе се врати, тоа можам да ви го потврдам со сигурност, но ликот на Шиа нема да го има во новиот филм“, изјавил Кеп.

Сценаристот не сакал да зборува во детали за причините за исклучување на ликот на синот на познатиот археолог и авантурист во филмот, иако претходно беше најавено дека скоро сите ликови од четвртото продолжение ќе бидат ангажирани и во новиот филм. Медиумите шпекулираат дека Шиа Лебеф е во сериозен конфликт со творецот на филмот, Стивен Спилберг, кого сериозно го критикуваше по четвртото продолжение на „Индијана Џонс“. Тоа е веројатно една од причините за негово исклучување од новиот филм кој се подготвува и се очекува да биде премиерно прикажан во 2020 година.