Во првите денови од ноември, во Кина започна продажба на градски супермини автомобил на електричен погон по неверојатно ниска цена – само 7500 долари (6500 евра). Ако направите некаква компарација, електричниот Zhidou D3 чини колку и еден професионален фотоапарат.

Zhidou D3 е двосед, долг 2975, широк 1585 и висок 1590 мм, што го прави втора генерација Smart ForTwo. Има симпатичен дизајн со мотиви, преземени од некои европски модели, но генерално изгледа оригинално.

Zhidou D3 има електричен мотор од 41 кс што му овозможува да развие максимална брзина од 100 km/h. Ион-литиумската батерија е со капацитет од 17,5 kWh и обезбедува околу 170 км со едно полнење. Инструментите се вградени во три дела на екранот, а сериската опрема вклучува клима, камера за возење наназад и две воздушни перничиња.