Група научници од Институтот Макс Планк и Универзитетот во германски Тибинген успеаја да го анализираат геномот на неколку древни египетски мумии стари и по 3500 години. Резултатите до кои дојдоа научниците, го доведуваат во прашање досегашното наше научно познавање на египетските владетели.

Имено, научниците од Макс Планк велат дека античките Египќани воопшто не биле во сродство со денешните африканските народи. Во најголем дел, Египет бил населен со предци на денешните Турци, како и со жители кои денеска се прошириле на териториите на Израел, Либан, Грузија и Абхазија. Всушност, во овие египетски мумии не се пронајдени гени на денешните африкански народи.

Додека населението на древните Египќани не подлежи на никакви значителни генетски промени, а истовремено останале заштитени од упадот на странските освојувачи, студијата исто така, потврди дека земената ДНК од мумијата на Тутанкамон најмногу одговата со гените на денешните европски народи, осовено на Французите, Шпанците и Англичаните.