Шрек несомнено е еден од најпрепознатливите цртани ликови, но ликот на чудовиштето од истоимениот цртан филм не е измислен, туку целосно автентичен. Вистинскиот Шрек се викал: Морис Тиле и бил кечер.

Иако од компанијата „Dreamworks“ одбиваат да го потврдат она за што многумина зборуваат, ликот на Шрек е позајмен од ликот на еден реален човек по име Морис, кој е роден во Русија во 1903 година. При создавањето симпатично чудовиште за потребите на анимираната филмска продукција, продуцентите од „Dreamworks“ несомнено ја искористиле популарноста на ликот од 30-тите години на минатиот век.

Морис се раѓа со светлосина коса, а славата на рингот ја доживува во средината на 30-тите години од минатиот век кога го добива прекарот „Францускиот ангел“. На 17-годишна возраст, тој целосно го губи ангелскиот изглед, а при преглед лекарите откриле дека боледува од состојба наречена акромегалија – хормонално пореметување кое го забрзува растот на коските, а со нив и на рацете, нозете и лицето. Тоа целосно го менува лицето на „Францускиот ангел“ и го претвора во она што денеска го знаеме како Шрек. Тој, сепак ја искористил болеста како мотивација. На крајот на 30-тите години стана познат борач меѓу популарните кечери, а под истиот прекар „Францускиот ангел“ освои многу титули и слава. Во него во тоа време се вљубува и познатиот за тоа време модел Доријан Ли – момент од животот на Морис, кој исто така е оживеан во цртаниот филм Шрек (љубовта помеѓу Шрек и принцезата Фиона).

Во 1940 година ја освои првата титула во тешка категорија. Последниот натпревар на Морис е во 1953 година, а година подоцна умира во Чикаго од срцева слабост.