Џејсон Бејтман кого најверојатно го познавате од „Arrested Development“ и некоја друга комедија, ја доби првата сериозна улога на ТВ, која добива се повеќе извонредни критики. Бејтмен освен тоа се јавува и како продуцент и режисер, а најверојатно пишува и дел од епизодите за најновото шоу на Netflix – Ozark.

„Ozark“ е име на еден локалитет во САД, лоциран на едно очајно место на средниот запад. Тој е буквално на место каде нема, апсолутно ништо. Тоа ви станува јасно уште во средината на првата епизода. Но, што всушност ни нуди Ozark?

Шоуто на Netflix нуди една приказна која е многу експонирана во последно време – наркокартелите. Освен што се силно распространети во САД во целина, тие наоѓаат своето задолжително место и на телевизијата. Многу луѓе ќе помислат дека “овој серијал веќе го гледале”. И тој навистина звучи како нешто што може и да се види и на други серии, но Ozark, сепак, има простор да ви понуди нешто поради што полека станува вистински хит во САД.

Накусо, финансиски консултант живее во предградието заедно со својот партнер, има мала фирма преку која ги пере парите на злобниот мафијаш во Чикаго. Кулминацијата стигнува кога станува јасно дека дел од парите на мафијашот ги нема, а тој доаѓа да си ги бара.

Ozark сепак не е серијал за обични луѓе сместени во неудобните чевли. Тој е нешто сосема поинакво и воопшто не е за мафијата или за картелите. Од него, сепак може да научите неколку интересни нешта – од кои едното е како се перат пари. Навистина, ако нема што да гледате, Ozark е одлична инвестиција на добро потрошено време крај ТВ.